Раст и развој
Јус ит ор лус ит Невропластичноста е способност на мозокот да се менува, ремоделира и реорганизира со цел подобро да се адаптира на нови ситуации. Кога постојано практикуваме една активност се формираат мозочни врски кои ја подобруваат нашата способност за извршување на задачата со помалку губење на енергија (пр. врзување на патики на почеток делува како исклучително тешка вештина, но со многу повторување вештината се учи и по одреден период истата ја извршуваме автоматски). Откако пак, ќе престанеме да практикуваме одредена активност мозокот постепено ги губи овие врски. Тој работи на принципот “use it or lose it”. Невропластичноста на мозокот се навиките кои ги имаме, сензибилизацијата на одредени положби,толеранцијата на лекови, па дури и закрепнување по повреда на мозокот. Човечкиот мозок е составен од приближно 100 милијарди неврони. Креирањето на невроните завршува кратко по раѓањето. Невропластичноста на мозокот дозволува реорганизирање на патеки по кои поминува импулсот кој го добиваме, креирање на нови врски, а во одредени случаи дури и креирање на нови неврони. Структуралната пластичност е можноста на мозокот да прави промени врз основа на учење нови вештини. Невроните кои често се користат создаваат цврсти врски, а оние кои се користат ретко или воопшто не се користат -исчезнуваат. Со зацврстување на новите врски и прекинување на некористените мозокот се прилагодува на промените од опкружувањето. Од една страна не можеме да предвивиме колку едно дете може да напредува, но од друга страна не смееме да си дозволиме да поставиме ограничувања на развојот и да се откажеме од стимулирање на правилен детски развој. Оттука, останува да дадеме се од себе и да се обидеме преку подучување и обезбедување на разновидно секојдневие да го поттикнеме детскиот развој. Активностите кои се подолу наведени не бараат поседување на особени вештини за нивно спроведување, но бараат организација, време, координирање на членовите на семејството, енергија, мотив и истрајност. Резултатите се неизбежни кога вистински го посакуваме напредокот. Начини како да се подобри невропластичноста на мозокот. Практикувајте: Разновидно секојдневие Збогатување на секојдневието со разновидни можности и предизвици влијае на позитивните промени во мозокот. Овие можности и предизвици се несомнено најважни во раниот развој. Читање, свирење на инструмент, учење на јазик, патување и истражување на нови места, извршување на секојдневните активности со обратна страна од вообичаената (пр.ако во десната рака држите чаша, а во лева бокалот со вода сега направете промена и изведете ја активноста со спротивно користење на реквизитите) се начини на стимулирање на мозокот. Соодветен одмор Спиењето има влијание како на физичкото така и на менталното здравје. Одржувањето на хигиена на сонот е неопходно за корисен сон. Навремено легнување и сон со соодветно времетраење му овозможува на телото и умот да ги складираат новостекнатите искуства. Изморениот организам е почувствителен и со понизок праг на толеранција, затоа понекогаш реакциите на уморна личност делуваат несоодветни. Редовно пракиткување на рекреативни активности Редовна физичка активност нуди одреден број на бенефити за развојот на мозокот. Студија спроведена во 2021 година укажува на тоа дека физичките вежби ја стимулираат пластичноста на мозокот. Секојдневно практикувајте најмалку 30 минути активно пешачење, трчање, активности во вода или друг спорт. Танцувањето, слушањето на музика, пеењето,следењето на ритам и имитирањето на движења е исто така позитивен стимул за детскиот развој. Свесност за околината Дозволете им на децата да истражуваат и да осознаваат нови работи. Така го запознаваат светот и ја учат функционалноста на опкружувањето. Доколку детето не покажува интерес за околината вие насочувајте го и водете го низ истражување на околината. Секогаш зборувајте му и опишувајте го тоа што го правите. Игра Игрите не се само за децата. Истражувањата покажуваат дека играњето на друштвени игри како карти или табла ја подобруваат невропластичноста на мозокот. Друштвените социјални игри за мали деца го поткреваат расположението и енергичноста и на возрасните. Играјте со вашето дете, смејте се и уживајте во заедничкото време! Поврзани теми Јус ит ор лус ит Јус ит ор лус ит Невропластичноста е способност на… Read More 26/07/2024