Зошто родителството денес изгледа потешко од порано?
Зошто родителството денес изгледа потешко од порано? Современите родители честопати се чувствуваат преоптоварено, исцрпено и постојано „на должност“. Иако секоја генерација имала свои предизвици, денес родителството изгледа како работа со полно работно време, три прекувремени смени и ниту еден слободен ден. Но, дали децата се промениле или ние? Дали навистина е потешко да се биде родител денес, или, само начинот на кој го живееме и разбираме родителството е променет? Современите истражувања покажуваат дека денешните родители трошат многу повеќе време и енергија на своите деца отколку претходните генерации. На пример, татковците денес поминуваат повеќе од седум часа неделно во директна грижа околу децата, што е двојно повеќе од 1970-тите. Слично, обврските на мајките се зголемија експоненцијално, со што модерното родителство станува трета работа, а понекогаш и четврта. Но, децата не се промениле. Ние сме се смениле.Нашиот модерен пристап кон родителството, перфекционизмот, стравот да не направиме грешка, притисокот децата да бидат „најдобри“ и постојано ангажирани ги претвори децата во товар наместо во природен дел од семејниот живот. Еден од начините да го намалите чувството на преоптовареност е да ги намалите активностите во кои ниту вие, ниту вашите деца не уживате. Дозволете им на децата да се откажат од активности што не ги радуваат дури и ако вие сте ги запишале со најдобра намера. Многу родители живеат со верувањето:„Ако си дадам одмор, ќе го запоставам моето дете.“Ова е мит.Вистината е дека одморениот родител е подобар родител. А природата секогаш го прави своето – децата растат, напредуваат и развиваат сопствен пат, дури и кога ние не сме идеални. Родителството понекогаш изгледа како бесконечна обврска, но тоа е само фаза. Детството е кратко, но децата траат цел живот. Со текот на времето, придобивките од родителството се зголемуваат. Она што денес делува тешко како будењата, обврските, хаосот, утре се претвора во спомени. Родителството денес е потешко не затоа што децата станале покомплицирани, туку затоа што нашите стандарди, нашите стравови и нашите очекувања станале превисоки. Кога ќе се откажеме од перфекционизмот и од идејата дека сè мора да биде „правилно“, родителството станува многу полесно, потопло и поприродно. На крајот, на децата не им требаат совршени родители, туку доволно добри родители кои ги сакаат, разбираат и им дозволуваат да растат на свој начин. И колку повеќе ние се опуштиме, со граници и нивна доследност, толку повеќе ќе уживаме во оваа најважна животна улога. Поврзани теми Зошто родителството денес изгледа потешко од порано? Современите родители честопати се чувствуваат преоптоварено, исцрпено и постојано „на… Read More Драган Даскаловски24/12/2025 Домашните обврски не го мачат детето, тие се дел од развојот! Многу родители се плашат дека домашните обврски ќе ги измачат,… Read More Драган Даскаловски16/12/2025 Уште колку пати треба да повториш? Кога им кажуваме:,,Kолку пати треба да ти кажам?”. Дајте си… Read More Драган Даскаловски06/08/2025 Моќта на афирмациите Моќта на афирмациите Афирмациите и даваат на индивидуата ЕНЕРГИЈА… Read More Драган Даскаловски27/03/2025 Load More







