Даскаловски

Уште колку пати треба да повториш?

Кога им кажуваме:,,Kолку пати треба да ти кажам?”. Дајте си одговор – уште многу пати. Зошто?

Затоа што ние како возрасни ја имаме способноста да го фокусираме вниманието, да запомниме инструкции и да ги контролираме инпулсите кои доаѓаат од вештините за извршни функции. Но, погоди кој сѐ уште ги нема усвоено тие вештини ? – Да, тоа е твоето дет

Замислете си дека се движите по некоја патека и доаѓате до една река. За да ја преминете реката и да продолжите понатаму ви треба мост, а за да го изградите мостот ви требаат штици.

мајка разговара со своето дете за емоции

Е па тоа е исто како кога му кажувате на своето дете не чкртај по ѕидовите. Првиот пат кога ќе му кажете дека не треба да бои по ѕидовите, сте поставиле една долга, но не многу цврста штица. Таа штица не е многу сигурна и не е доволно силна за да може да издржи со текот на времето, но мора да почнете од некаде.

Секој пат кога му кажувате на детето едно исто или уште подобро, кога  му покажувате, тогаш додавате уште една штици, се поцврста и поцврста за да може да ја преминете реката.

Но да не заборавиме, мостот не се гради така лесно и брзо, му треба и челична конструкција за да биде траен. На ист начин, потребни се многу, многу животни искуства за да создадете врски во мозокот на детето за да ги развие тие важни вештини за извршни функции.

Што го обликува нашиот мозок? Искуството. Дури и во староста, нашите искуства всушност ја менуваат физичката структура на мозокот. Кога доживуваме искуство, нашите мозочни клетки  наречени неврони  стануваат активни или се ,,палат”.

Што да правиме? Колку пати треба да му кажеме? Одговорот е одново и одново. За мозокот на малото дете да учи, му е потребно тоа повторување.

Затоа, продолжете да го потсетувате, тешите и водите детето, бидејќи секое искуство е градење на тој мост.

Кога ќе се најдам себеси како губам трпение додека му кажувам едно па исто,  длабоко вдишувам и се обидувам да го замислам мостот што ми треба да го изградам за да ја преминам реката. Потоа замислувам дека моите зборови поставуваат уште една штица.

Поврзани теми

Scroll to Top