Даскаловски

Здраво!

Јас сум Драган. Имам среќа повеќе од 10 година да работам во областа на детскиот развој. Низ годините оваа работа премина во мисија. Сфатив дека не е важно само да знаеш и да имаш искуство. Поважно од ова е да САКАШ! Во оваа деценија спроведував третмани кај повеќе од 500 деца и соработував со повеќе од 600 семејства на национално и интернационално ниво. Колку повеќе се вложував за да ги научам нешто и децата и родителите, толку повеќе и јас самиот учев!

Научив дека секое дете си има сопствен пат на развој, дека ниту еден возрасен не треба и не смее да постави ограничувања во однос на прогнозата на детскиот развој, научив дека нашиот мозок е подготвен да прави работи за кои ние не сме свесни дека се возможни.

Заклучив дека семејството било и ќе остане најстимулативната средина за детето, многупати си потврдив дека образовниот систем подеднакво исто наштетува на развојот на детето како што го поттикнува на напредок, сфатив дека општеството не е спремно за инклузивниот процес, дека на секој родител му е потребна поддршка во одгледувањето и воспитувањето на детето, но и дека зад секое среќно и исполнето дете стои среќен и исполнет родител.

И за крај, веројатно најважната работа која ја научив од децата е дека без оглед на тоа колку е тешко ќе успееме само ако не се откажуваме!

Добредојдовте на нашата страница!

Daskalovski Dragan

Online Едукации

Откријте ги нашите специјализирани курсеви за ран детски развој, каде што вашето дете ќе напредува со поддршка од нашиот стручен тим. Придружете ни се во создавање на светла иднина за вашето малечко!

За Нас

Среќни Семејства
0 +

Третмани Годишно

0 +
Насмевки и Прегратки
0 M +

Експерти

Нашиот Тим

Блог

Want to receive push notifications for all major on-site activities?

Scroll to Top