Даскаловски

За родителите

Tatko_vrzuva_vrvki
За родителите

Зошто родителството денес изгледа потешко од порано?

Зошто родителството денес изгледа потешко од порано? Современите родители честопати се чувствуваат преоптоварено, исцрпено и постојано „на должност“. Иако секоја генерација имала свои предизвици, денес родителството изгледа како работа со полно работно време, три прекувремени смени и ниту еден слободен ден. Но, дали децата се промениле или ние? Дали навистина е потешко да се биде родител денес, или, само начинот на кој го живееме и разбираме родителството е променет? Современите истражувања покажуваат дека денешните родители трошат многу повеќе време и енергија на своите деца отколку претходните генерации. На пример, татковците денес поминуваат повеќе од седум часа неделно во директна грижа околу децата, што е двојно повеќе од 1970-тите. Слично, обврските на мајките се зголемија експоненцијално, со што модерното родителство станува трета работа, а понекогаш и четврта. Но, децата не се промениле. Ние сме се смениле.Нашиот модерен пристап кон родителството, перфекционизмот, стравот да не направиме грешка, притисокот децата да бидат „најдобри“ и постојано ангажирани  ги претвори децата во товар наместо во природен дел од семејниот живот. Еден од начините да го намалите чувството на преоптовареност е да ги намалите активностите во кои ниту вие, ниту вашите деца не уживате. Дозволете им на децата да се откажат од активности што не ги радуваат дури и ако вие сте ги запишале со најдобра намера. Многу родители живеат со верувањето:„Ако си дадам одмор, ќе го запоставам моето дете.“Ова е мит.Вистината е дека одморениот родител е подобар родител. А природата секогаш го прави своето – децата растат, напредуваат и развиваат сопствен пат, дури и кога ние не сме идеални. Родителството понекогаш изгледа како бесконечна обврска, но тоа е само фаза. Детството е кратко, но децата траат цел живот. Со текот на времето, придобивките од родителството се зголемуваат. Она што денес делува тешко  како будењата, обврските, хаосот,  утре се претвора во спомени. Родителството денес е потешко не затоа што децата станале покомплицирани, туку затоа што нашите стандарди, нашите стравови и нашите очекувања станале превисоки. Кога ќе се откажеме од перфекционизмот и од идејата дека сè мора да биде „правилно“, родителството станува многу полесно, потопло и поприродно. На крајот, на децата не им требаат совршени родители, туку доволно добри родители кои ги сакаат, разбираат и им дозволуваат да растат на свој начин. И колку повеќе ние се опуштиме, со граници и нивна доследност, толку повеќе ќе уживаме во оваа најважна животна улога. Поврзани теми Зошто родителството денес изгледа потешко од порано? Современите родители честопати се чувствуваат преоптоварено, исцрпено и постојано „на… Read More Драган Даскаловски24/12/2025 Домашните обврски не го мачат детето, тие се дел од развојот! Многу родители се плашат дека домашните обврски ќе ги измачат,… Read More Драган Даскаловски16/12/2025 Уште колку пати треба да повториш? Кога им кажуваме:,,Kолку пати треба да ти кажам?”. Дајте си… Read More Драган Даскаловски06/08/2025 Моќта на афирмациите Моќта на афирмациите    Афирмациите и даваат на индивидуата ЕНЕРГИЈА… Read More Драган Даскаловски27/03/2025 Load More

dete_mesti_masa
Вежби, За родителите

Домашните обврски не го мачат детето, тие се дел од развојот!

Домашните обврски не го мачат детето, тие се дел од развојот! Многу родители се плашат дека домашните обврски ќе ги измачат, оптоварат или ќе им го „одземат детството“ на нивните деца. Но вистината е сосема поинаква: обврските се клучен дел од здравиот детски развој! Кога му давате задача на детето, вие не го казнувате, вие му помагате да развие одговорност, самодисциплина и самодоверба. Децата што имаат свои мали улоги во домаќинството се чувствуваат важни, видени и корисни. Тие растат со уверување дека придонесуваат за своето семејство, а тоа е основа на позитивна самоперцепција. Покрај тоа, нивните задачи значат и помалку обврски за вас, и тоа не ве прави себични. Тоа е модел на здраво функционирање, семејство каде секој учествува според можностите. Одговорности за мали деца Давањето одговорности на малите деца им овозможува тие да учат вештини за решавање проблеми, самопочит, љубопитност и гордост. Одговорности што треба да се земат предвид. Да се облекуваат сами Учењето на мало дете како да ја одбира својата облека и да се облекува, поттикнува вештини како: решавање проблеми, грижа за себе и самоизразување, дури и ако облеката не се совпаѓа или потребни се неколку обиди за да се стави рака во секој ракав, изборот на облека и облекувањето помага да се развие мотивацијата на детето да истражува, учи и гради нови способности. Средување на својот кревет Средувањето на креветот, ширење на ќебето на креветот, исправување на перниците им овозможува на децата да учат да се грижат за нивните лични простори и предмети. Имајте на ум: малите деца можеби нема целосно да ги наместат своите кревети, но средувањето на нивните кревети е добар прв чекор во учењето како успешно да си го наместат креветот. Помагање да ги соберат играчките За малите деца, правењето рутина да ги соберат играчките откако ќе завршат со игра е совршена одговорност. Оваа активност може да му помогне на вашето дете да ги разбере концептите како организација и чистота. Тоа, исто така, ги учи на чувство на сопственост над нивните работи и им помага да научат дека се одговорни за одржување на нивниот личен простор. Поставување на масата за јадење Децата од предучилишна возраст се во процес на развивање чувство на автономија и можеби ќе сакаат да ги завршуваат задачите поединечно. Давајќи им одговорност како поставување на маса (со помош на возрасен, а подоцна и сами) ќе ја исполни нивната желба за автономија и за извршување на некоја задача. Исто така, им дава чувство на заедница и цел. Ставање алишта во корпа за перење Дури и малите деца можат да научат да ја ставаат својата валкана облека во корпа за валкани алишта. Изгледа како да е толку едноставна задача, но е одличен начин да се научат децата за лична одговорност. Кога тие се доследни со ова, тоа ја зајакнува идејата дека тие имаат улога во домаќинството. Кога детето ќе добие задача што е соодветна за неговата возраст, тоа не само што учи практични животни вештини, туку и развива карактер, упорност и самодоверба. Со секој мал чекор како облекување, средување, помагање, тие учат да веруваат во себе, да се грижат за просторот околу себе и да градат навики што ќе им служат цел живот. Нашата улога како родители не е да ги направиме нивните животи без предизвици, туку да ги поддржиме да научат како да се справат со нив. Тие можат многу повеќе отколку што мислиме – само треба да им дадеме шанса. Поврзани теми Зошто родителството денес изгледа потешко од порано? Зошто родителството денес изгледа потешко од порано? Современите родители честопати… Read More Драган Даскаловски24/12/2025 Домашните обврски не го мачат детето, тие се дел од развојот! Домашните обврски не го мачат детето, тие се дел од… Read More Драган Даскаловски16/12/2025 Уште колку пати треба да повториш? Уште колку пати треба да повториш? Кога им кажуваме:,,Kолку пати… Read More Драган Даскаловски06/08/2025 Моќта на афирмациите Моќта на афирмациите    Афирмациите и даваат на индивидуата ЕНЕРГИЈА… Read More Драган Даскаловски27/03/2025 Load More

мајка разговара со своето дете за емоции
За родителите

Уште колку пати треба да повториш?

Уште колку пати треба да повториш? Кога им кажуваме:,,Kолку пати треба да ти кажам?”. Дајте си одговор – уште многу пати. Зошто? Затоа што ние како возрасни ја имаме способноста да го фокусираме вниманието, да запомниме инструкции и да ги контролираме инпулсите кои доаѓаат од вештините за извршни функции. Но, погоди кој сѐ уште ги нема усвоено тие вештини ? – Да, тоа е твоето дет Замислете си дека се движите по некоја патека и доаѓате до една река. За да ја преминете реката и да продолжите понатаму ви треба мост, а за да го изградите мостот ви требаат штици. Е па тоа е исто како кога му кажувате на своето дете не чкртај по ѕидовите. Првиот пат кога ќе му кажете дека не треба да бои по ѕидовите, сте поставиле една долга, но не многу цврста штица. Таа штица не е многу сигурна и не е доволно силна за да може да издржи со текот на времето, но мора да почнете од некаде. Секој пат кога му кажувате на детето едно исто или уште подобро, кога  му покажувате, тогаш додавате уште една штици, се поцврста и поцврста за да може да ја преминете реката. Но да не заборавиме, мостот не се гради така лесно и брзо, му треба и челична конструкција за да биде траен. На ист начин, потребни се многу, многу животни искуства за да создадете врски во мозокот на детето за да ги развие тие важни вештини за извршни функции. Што го обликува нашиот мозок? Искуството. Дури и во староста, нашите искуства всушност ја менуваат физичката структура на мозокот. Кога доживуваме искуство, нашите мозочни клетки  наречени неврони  стануваат активни или се ,,палат”. Што да правиме? Колку пати треба да му кажеме? Одговорот е одново и одново. За мозокот на малото дете да учи, му е потребно тоа повторување. Затоа, продолжете да го потсетувате, тешите и водите детето, бидејќи секое искуство е градење на тој мост. Кога ќе се најдам себеси како губам трпение додека му кажувам едно па исто,  длабоко вдишувам и се обидувам да го замислам мостот што ми треба да го изградам за да ја преминам реката. Потоа замислувам дека моите зборови поставуваат уште една штица. Поврзани теми Зошто родителството денес изгледа потешко од порано? Зошто родителството денес изгледа потешко од порано? Современите родители честопати… Read More Драган Даскаловски24/12/2025 Домашните обврски не го мачат детето, тие се дел од развојот! Многу родители се плашат дека домашните обврски ќе ги измачат,… Read More Драган Даскаловски16/12/2025 Уште колку пати треба да повториш? Кога им кажуваме:,,Kолку пати треба да ти кажам?”. Дајте си… Read More Драган Даскаловски06/08/2025 Моќта на афирмациите Моќта на афирмациите    Афирмациите и даваат на индивидуата ЕНЕРГИЈА… Read More Драган Даскаловски27/03/2025 Load More

За родителите

Мобилна апликација или стручна помош?

Мобилна апликација или стручна помош?   Дали и вие сте биле во момент каде наместо да побарате стручна помош ќе го напишете проблемот на google и ќе ви даде содржини со истата проблематика? Дури и за момент ќе си кажете: ,,Е, баш и јас мислев дека тоа е причината”, како да го читате она што сакате да го слушнете. Најчесто при пребарување на google може да сретнете апликации за развојно следење на вашето дете а и исто така ги има и апликациите кои утврдуваат ,,дијагноза”. Дали им верувате на овие апликации?   Правете разлика: развојни апликации каде што може да го следите развојот на вашето дете и неговите достигнувања и апликаци со утврдување на однесувањето што ќе ви испишат дијагноза на екранот. Па, зошто е подобро да се консултирате со стручно лице отколку да барате симптоми за состојбата на вашето дете на интернет и да добиете дијагноза од технологија?   Стручните лица, се лица со искуство пред се. Користат не само една туку повеќе скали за процена на развојот. Го забележуваат однесувањето на детето за време на опсервацијата и во целокупната процена вклучуваат и други фактори  како опкружувањето, симптомите, однесувањето на детето кон околината и кон лицата од доверба како  и  начинот на комуникација.   Додека пак апликациите се составен дел од технологијата каде што се водат со едно копче. Понудените одговори не земаат во предвит други фактори. Исто така 10 прашања на кои ќе одговорите ,,точно” или ,,не точно” не можат да дадат дијагноза за состојбата на детето. Дури, постојат апликации каде што додека детето гледа во екранот и апликацијата го изговара неговото име, се вклучува камерата и проценува дали детето  дава одговор на повикот, дали ова може да биде исто како и природното довикување од различна страна на личноста и кревање на погледот, контакт очи во очи? Додека детето гледа во екранот тоа очекува што следно ќе се случи па може апликацијата да направи грешна проценка.   Алатките на роботот што ја смислил апликацијата и споредувањето со скалите за процена кои се изведуваат во структурирани простории, со различни дистрактории и изведени од страна на стручни лица и не можат да доведат до релевантни информации.   Како и да е, секој сомнеж, секое не задоволство од развојното однесување на вашето дете споделете го со стручњак што ќе ви даде правилни насоки. Не посегнувајте по апликации само за да ја смирите вашата емоција и моментална состојба, превземете акција што ќе има трајни достигнувања. Поврзани теми Моќта на афирмациите    Афирмациите и даваат на индивидуата ЕНЕРГИЈА да ги манифестира… Read More Драган Даскаловски27/03/2025 Мобилна апликација или стручна помош? Мобилна апликација или стручна помош?   Дали и вие сте… Read More Драган Даскаловски26/03/2025 Раст и развој Раст и Развој    Невропластичноста е способност на мозокот да… Read More Драган Даскаловски26/03/2025 Придобивки од гушкање Придобивки од гушкање   Прегратките можат да му помогнат на… Read More Драган Даскаловски26/03/2025 Load More

За родителите

Раст и развој

Раст и Развој    Невропластичноста е способност на мозокот да се менува, ремоделира и реорганизира со цел подобро да се адаптира на нови ситуации. Кога постојано практикуваме една активност се формираат мозочни врски кои ја подобруваат нашата способност за извршување на задачата со помалку губење на енергија (пр. врзување на патики на почеток делува како исклучително тешка вештина, но со многу повторување вештината се учи и по одреден период истата ја извршуваме автоматски). Откако пак, ќе престанеме да практикуваме одредена активност мозокот постепено ги губи овие врски. Тој работи на принципот “use it or lose it”. Невропластичноста на мозокот се навиките кои ги имаме, сензибилизацијата на одредени положби,толеранцијата на лекови, па дури и закрепнување по повреда на мозокот.    Човечкиот мозок е составен од приближно 100 милијарди неврони. Креирањето на невроните завршува кратко по раѓањето. Невропластичноста на мозокот дозволува реорганизирање на патеки по кои поминува импулсот кој го добиваме, креирање на нови врски, а во одредени случаи дури и креирање на нови неврони. Структуралната пластичност е можноста на мозокот да прави промени врз основа на учење нови вештини.    Невроните кои често се користат создаваат цврсти врски, а оние кои се користат ретко или воопшто не се користат -исчезнуваат. Со зацврстување на новите врски и прекинување на некористените мозокот се прилагодува на промените од опкружувањето.    Од една страна не можеме да предвивиме колку едно дете може да напредува, но од друга страна не смееме да си дозволиме да поставиме ограничувања на развојот и да се откажеме од стимулирање на правилен детски развој. Оттука, останува да дадеме се од себе и да се обидеме преку подучување и обезбедување на разновидно секојдневие да го поттикнеме детскиот развој. Активностите кои се подолу наведени не бараат поседување на особени вештини за нивно спроведување, но бараат организација, време, координирање на членовите на семејството, енергија, мотив и истрајност. Резултатите се неизбежни кога вистински го посакуваме напредокот. Начини како да се подобри невропластичноста на мозокот. Практикувајте: Разновидно секојдневие    Збогатување на секојдневието со разновидни можности и предизвици влијае на позитивните промени во мозокот. Овие можности и предизвици се несомнено најважни во раниот развој.    Читање, свирење на инструмент, учење на јазик, патување и истражување на нови места, извршување на секојдневните активности со обратна страна од вообичаената (пр.ако во десната рака држите чаша, а во лева бокалот со вода сега направете промена и изведете ја активноста со спротивно користење на реквизитите) се начини на стимулирање на мозокот. Соодветен одмор    Спиењето има влијание како на физичкото така и на менталното здравје. Одржувањето на хигиена на сонот е неопходно за корисен сон. Навремено легнување и сон со соодветно времетраење му овозможува на телото и умот да ги складираат новостекнатите искуства. Изморениот организам е почувствителен и со понизок праг на толеранција, затоа понекогаш реакциите на уморна личност делуваат несоодветни. Редовно пракиткување на рекреативни активности    Редовна физичка активност нуди одреден број на бенефити за развојот на мозокот. Студија спроведена во 2021 година укажува на тоа дека физичките вежби ја стимулираат пластичноста на мозокот. Секојдневно практикувајте најмалку 30 минути активно пешачење, трчање, активности во вода или друг спорт. Танцувањето, слушањето на музика, пеењето,следењето на ритам и имитирањето на движења е исто така позитивен стимул за детскиот развој. Свесност за околината    Дозволете им на децата да истражуваат и да осознаваат нови работи. Така го запознаваат светот и ја учат функционалноста на опкружувањето. Доколку детето не покажува интерес за околината вие насочувајте го и водете го низ истражување на околината. Секогаш зборувајте му и опишувајте го тоа што го правите. Игра    Игрите не се само за децата. Истражувањата покажуваат дека играњето на друштвени игри како карти или табла ја подобруваат невропластичноста на мозокот. Друштвените социјални игри за мали деца го поткреваат расположението и енергичноста и на возрасните. Играјте со вашето дете, смејте се и уживајте во заедничкото време! Поврзани теми Мобилна апликација или стручна помош? Мобилна апликација или стручна помош?   Дали и вие сте… Read More Драган Даскаловски26/03/2025 Нов Блог НАПРАВИ ВАКА !    Имитирањето е извонредна вештина која игра… Read More Драган Даскаловски03/01/2025 Направи вака! Направи Вака!    Имитирањето е извонредна вештина која игра клучна… Read More Драган Даскаловски26/12/2024 Раст и развој Раст и Развој    Невропластичноста е способност на мозокот да… Read More Драган Даскаловски26/07/2024 Load More

Scroll to Top