Даскаловски

Добредојдовте во
Училница Даскаловски!

Нашиот центар за ран детски развој е основан во 2018 година, а своите стандарди и мисија ги развива од 2010 година како правен наследник на Даскал АБВ Доеел Скопје. Примарна дејноста на нашиот центар е рана интервенција и стимулација (за деца од 0-3 години) и реедукација на психомоторен развој за деца над 3 годишна возраст.

Од своето основање до денес нашите услуги ги користеле повеќе од 600 деца на возраст од 0-15 години, млади и семејства на локално, национално и интернационално ниво.

Овие години многу често сме сведоци на феноменот наречен невропластичност на мозокот. Оваа карактеристика ја означува способноста на мозокот да се промени и прилагоди. Во раната детска возраст, оваа способност е многу повеќе изразена и затоа од непроценлива важност е навремено да се интервенира доколку во развојот се забележат доцнења или отстапувања во достигнувањето на развојните одредници. Во оваа декада на дејствување, нашиот тим (специјални едукатори и рехабилитатори) на годишно ниво реализира над 10 000 непосредни третмани.

Училница Даскаловски е многу повеќе од давател на услуги . Ние сме ваши партнери, кои ќе го споделат своето знаење и искуство за да го поттикнеме развојот на вашето малечко

Вложувањето во раниот детски развој е најдобрата инвестиција за цела една нација.

Додека ја продолжуваме нашата мисија, остануваме посветени кон негување на потенцијалот на секое дете, славење на нивните достигнувања и градење посветла иднина за сите. Дозволете да бидеме дел од вашето патување и заедно да напредуваме!

Нашиот протокол на работа постојано го надополнуваме преку истражувачката работа која ни овозможува да ги подобруваме нашите методи со цел да ги редуцираме предизвиците со кои децата се справуваат. Холистичкиот пристап е моделот до кој се придржуваме и со кој се стремиме кон усовршување на нашите услуги. Досегашното искуство покажа дека најзначаен фактор во овој процес се родителите. Соработката со родителите и нивната посветеност се клучни за поттикнување и подобрување на детскиот развој. Од таа причина, оваа платформа ќе претставува партнер за секој родител. Преку неа ќе обезбедиме едукации и поддршка за родители и професионалци кои сакаат да вложат во себе за да можат подобро да го стимулираат развојот на детето и да се справат со сите предизвици кои ќе ги донесе детството.

Добредојдовте во нашиот центар каде што секое дете има своја приказна, а ние сме тука за да го поддржиме во секој чекор на патот кон успехот!

Курсеви

Нашиот Тим

Блог

Scroll to Top