Зошто родителството денес изгледа потешко од порано? Современите родители честопати...
Read MoreМногу родители се плашат дека домашните обврски ќе ги измачат, оптоварат или ќе им го „одземат детството“ на нивните деца. Но вистината е сосема поинаква: обврските се клучен дел од здравиот детски развој!
Кога му давате задача на детето, вие не го казнувате, вие му помагате да развие одговорност, самодисциплина и самодоверба. Децата што имаат свои мали улоги во домаќинството се чувствуваат важни, видени и корисни. Тие растат со уверување дека придонесуваат за своето семејство, а тоа е основа на позитивна самоперцепција.
Покрај тоа, нивните задачи значат и помалку обврски за вас, и тоа не ве прави себични. Тоа е модел на здраво функционирање, семејство каде секој учествува според можностите.
Одговорности за мали деца
Давањето одговорности на малите деца им овозможува тие да учат вештини за решавање проблеми, самопочит, љубопитност и гордост.
Одговорности што треба да се земат предвид.
Да се облекуваат сами
Учењето на мало дете како да ја одбира својата облека и да се облекува, поттикнува вештини како: решавање проблеми, грижа за себе и самоизразување, дури и ако облеката не се совпаѓа или потребни се неколку обиди за да се стави рака во секој ракав, изборот на облека и облекувањето помага да се развие мотивацијата на детето да истражува, учи и гради нови способности.
Средување на својот кревет
Средувањето на креветот, ширење на ќебето на креветот, исправување на перниците им овозможува на децата да учат да се грижат за нивните лични простори и предмети.
Имајте на ум: малите деца можеби нема целосно да ги наместат своите кревети, но средувањето на нивните кревети е добар прв чекор во учењето како успешно да си го наместат креветот.
Помагање да ги соберат играчките
За малите деца, правењето рутина да ги соберат играчките откако ќе завршат со игра е совршена одговорност. Оваа активност може да му помогне на вашето дете да ги разбере концептите како организација и чистота. Тоа, исто така, ги учи на чувство на сопственост над нивните работи и им помага да научат дека се одговорни за одржување на нивниот личен простор.
Поставување на масата за јадење
Децата од предучилишна возраст се во процес на развивање чувство на автономија и можеби ќе сакаат да ги завршуваат задачите поединечно. Давајќи им одговорност како поставување на маса (со помош на возрасен, а подоцна и сами) ќе ја исполни нивната желба за автономија и за извршување на некоја задача. Исто така, им дава чувство на заедница и цел.
Ставање алишта во корпа за перење
Дури и малите деца можат да научат да ја ставаат својата валкана облека во корпа за валкани алишта. Изгледа како да е толку едноставна задача, но е одличен начин да се научат децата за лична одговорност. Кога тие се доследни со ова, тоа ја зајакнува идејата дека тие имаат улога во домаќинството.
Кога детето ќе добие задача што е соодветна за неговата возраст, тоа не само што учи практични животни вештини, туку и развива карактер, упорност и самодоверба.
Со секој мал чекор како облекување, средување, помагање, тие учат да веруваат во себе, да се грижат за просторот околу себе и да градат навики што ќе им служат цел живот.
Нашата улога како родители не е да ги направиме нивните животи без предизвици, туку да ги поддржиме да научат како да се справат со нив.
Тие можат многу повеќе отколку што мислиме – само треба да им дадеме шанса.
Зошто родителството денес изгледа потешко од порано? Современите родители честопати...
Read MoreДомашните обврски не го мачат детето, тие се дел од...
Read MoreУште колку пати треба да повториш? Кога им кажуваме:,,Kолку пати...
Read MoreМоќта на афирмациите Афирмациите и даваат на индивидуата ЕНЕРГИЈА...
Read More