Зошто родителството денес изгледа потешко од порано? Современите родители честопати...
Read MoreДали и вие сте биле во момент каде наместо да побарате стручна помош ќе го напишете проблемот на google и ќе ви даде содржини со истата проблематика?
Дури и за момент ќе си кажете: ,,Е, баш и јас мислев дека тоа е причината”, како да го читате она што сакате да го слушнете.
Најчесто при пребарување на google може да сретнете апликации за развојно следење на вашето дете а и исто така ги има и апликациите кои утврдуваат ,,дијагноза”.
Правете разлика: развојни апликации каде што може да го следите развојот на вашето дете и неговите достигнувања и апликаци со утврдување на однесувањето што ќе ви испишат дијагноза на екранот. Па, зошто е подобро да се консултирате со стручно лице отколку да барате симптоми за состојбата на вашето дете на интернет и да добиете дијагноза од технологија?
Стручните лица, се лица со искуство пред се. Користат не само една туку повеќе скали за процена на развојот. Го забележуваат однесувањето на детето за време на опсервацијата и во целокупната процена вклучуваат и други фактори како опкружувањето, симптомите, однесувањето на детето кон околината и кон лицата од доверба како и начинот на комуникација.
Додека пак апликациите се составен дел од технологијата каде што се водат со едно копче. Понудените одговори не земаат во предвит други фактори. Исто така 10 прашања на кои ќе одговорите ,,точно” или ,,не точно” не можат да дадат дијагноза за состојбата на детето. Дури, постојат апликации каде што додека детето гледа во екранот и апликацијата го изговара неговото име, се вклучува камерата и проценува дали детето дава одговор на повикот, дали ова може да биде исто како и природното довикување од различна страна на личноста и кревање на погледот, контакт очи во очи? Додека детето гледа во екранот тоа очекува што следно ќе се случи па може апликацијата да направи грешна проценка.
Алатките на роботот што ја смислил апликацијата и споредувањето со скалите за процена кои се изведуваат во структурирани простории, со различни дистрактории и изведени од страна на стручни лица и не можат да доведат до релевантни информации.
Како и да е, секој сомнеж, секое не задоволство од развојното однесување на вашето дете споделете го со стручњак што ќе ви даде правилни насоки. Не посегнувајте по апликации само за да ја смирите вашата емоција и моментална состојба, превземете акција што ќе има трајни достигнувања.
Зошто родителството денес изгледа потешко од порано? Современите родители честопати...
Read MoreДомашните обврски не го мачат детето, тие се дел од...
Read MoreУште колку пати треба да повториш? Кога им кажуваме:,,Kолку пати...
Read MoreМоќта на афирмациите Афирмациите и даваат на индивидуата ЕНЕРГИЈА...
Read More