Афирмациите и даваат на индивидуата ЕНЕРГИЈА да ги манифестира...
Read MoreЗабавата е секогаш присутна кога на интересен начин ќе ја претставите активноста што сакате да биде завршена. Ние ви нудиме активности што може да ги правите во вашите домови со вашите најмили. Па може да ги погледнете и искористите:
– Извадете ги тенџерињата со различна големина од шкавчето во вашата кујна, користете ги дрвените лажички како стапчиња. Дајте можност вашето дете да биде композитор на музиката а вие танцувајте на звуците и покажете дека уживате во тоа што го прави. (не дозволувајте непријатниот звук на тенџерето да ве спречи да го одржите ритамот при танцување).
Поставете чаши на крајот на масата во различна боја (залепете со лепак) вие и вашето малечко застанете на другиот крај на масата и почнете да дувате топчиња што ќе се тркалаат за да стигнат до чашата. Секој погодок славете го. Не заборавајте топчињата (хартијата, пуканката, меки и лесни топчиња) да бидат лесни и со дување да се придвижуваат
Напоменете дека денес ќе играте игра, средување играчки до бројот 10. ,,Тик так тик так времето ти истече пак’’. Доколку вашиот дом има играчки насекаде, средувањето може да биде лесно ако биде преку игра. Кажете му на вашето дете јас ќе бројам до 10 а ти треба да ги средиш твоите играчки во своите кутии, следува награда (може да биде неговата омилена играчка, чоколадо, прошетка и сл.) доколку играчките не се наместат додека вие бавно броите до 10 наградата е изгубена. Бидете креативни ако сакате да се вклучи и братчето и сестричето. Кажете да се наместат играчките на свое место, кој ќе ги намести играчките на правилното место добива поен, и за секоја точна играчка по 1 поен. Тој со најмногу поени е прво место. Следењето на инструкции може да биде потпомогнато од тато/мама, мама брои а тато заедно со детето (тато е позади детето) ги собираат играчките со насочување.
Заедно со вашето дете играјте брканица. Застанете во позиција на лазење и извикувајте го звукот на кучето (ав, ав,ав) и бркајте се заедно со вашето дете. ,,Доаѓа кучето ав, ав,ав” тука е и жапчето ,,крек крек крек”, па скокајте заедно со вашето малечко.
Направете тесто со вода и брашно, слободно ставете и некоја боја без токсини. Дајте им на вашите малечки да ги преточат своите мисли во иградба на склуптури од тесто. Не размислувајте, слободно обоите ги штом белото тесто се здрви. Поддржете ја фината моторика, стисокот, моделирањето и претставувањето на тематските целини.
Во тестото може да криете и предмет што ќе треба детето да го развлечуваат за да го најдат.
Но и играта СКРИЕН ПРЕДМЕТ во просторија им овозможува да следат инструкции што ги даваат тато/мама додека го бараат предметот во домот.
Доколку треба тревата да се искоси и потоа да се бере. Играјте игра трка со гребло, оваа животна вештина ќе допридонесе да се собере тревата на свое место, детето да се чувствува продуктивно и да биде интересно доколку покрај него застанете вие и го бодрите.
Дворот е идеално место да биде шаренило од бои, со слики насликани со креди и со уникатни цртежи од вешето малечко, а може да се придружите и вие, изразувањето на емоциите преку алатот за цртање ја празни душата и остава простор за нови и позитивни чувства.
Дозволете заедно со ваша помош детето да го намести чаршафот на масата, да ги постави тањирите и приборот за јадење. Заедно да јадете а потоа келнерот што ја постави масата да ја раскрене истата и да однесе се на свое место. На крај на денот ресторанот нека се затвори дозволувајќи му вечерното светло да го изгасне детето.
Не заборавајте секоја активност треба да биде со надзор од родител. Секако, не се ограничувајте, пуштете играта да ве понесе и слободно создавајте ваши игри, не е забрането и вие да си играте, тоа е задолжително. На крај секогаш завршете со една голема насмевка дури и играта да траела помалку од 5 минути, ако е вистинска ќе потрае и повеќе.
Афирмациите и даваат на индивидуата ЕНЕРГИЈА да ги манифестира...
Read MoreМобилна апликација или стручна помош? Дали и вие сте...
Read MoreРаст и Развој Невропластичноста е способност на мозокот да...
Read MoreПридобивки од гушкање Прегратките можат да му помогнат на...
Read More