Даскаловски

- Нашата цел е само една- достигнување на највисокиот можен потенцијал на детето!

Пред да се започне со дефектолошки третман неопходно е идентификување на развојните достигнувања 

кај детето и областите кои треба да бидат опфатени со третман. По спроведување на развојната процена

се изработува индивидуален план во кој се поставуваат цели за достигнување на квартално или

полугодишно ниво.

Рано детектирање на отстапувањата = ран третман=значително подобар ефект!

Како изгледаат дефектолошките третмани?

Тие најчесто се спроведуваат преку индивидуален пристап. Зошто? Бидејќи на тој начин материјалите, околината и пристапот може да се прилагодат на интересите и можностите на детето. Со методите и пристапот кој дефектологот ги користи се подобруваат различни способности и функции 

(комуникациски, моторни, когнитивни,социјални, вештини за самостојност,сензорни).

За време на третманите често се посветува внимание на зајакнување на посакуваното однесување и 

канализирање и намалување на непосакуваните облици на однесување.

За подобри резултати, од голема важност е терапевтот да изгради уредна релација со детето, но и со семејството. На овој начин преку здружено делување детето ќе ги усвојува и утврдува предвидените вештини.

Логопедските третмани се наменети за корегирање на отстапувања во јазикот, говорот и комуникацијата. Со примена на логопедска опрема овие третмани влијаат на подобрувањето на сите вештини од кои зависи 

развојот на говорот. Во зависност од достигнувањата и развојот на говорно-јазичните способности, се креира индивидуализиран план кој може да опфати:

-развој на орална моторика

-развој на аудитивна перцепција

-развој на супрасегментна структура на говор (ритам, мелодичност, темпо, јачина..)

-збогатување на фондот на зборови

-корекција на гласови и фонемска дискриминација

-стимулирање на вербална комуникација

-користење на реченици со адекватна морфолошка структура

-развивање на способностите за користење на говорот во адекватен социјален и комуникациски контекст

-развивање на фонолошка свесност

Третманите во група се формираат со цел поттикнување на социјалниот развој на деца 

кај кои се детектирани отстапувања во оваа област. Групите се формираат според одредени критериуми согласно календарската возраст на

децата и нивните моментални достигнувања.

Unauthorized Access
Note : You need to upgrade your permissions to Editor or Administrator level to update this option.

Среќни Семејства
0 +

Третмани Годишно

0 +
Насмевки и Прегратки
0 M +
Scroll to Top